Филипче за жртвите од морбили: До тука не доведоа погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за здравство, Венко Филипче, ја обвини претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што денеска епидемијата на мали сипаници ја зема третата жртва.

-За жал веќе има три смртни случаи, морам да кажам дека ми е жал, но до тука не доведоа погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Токму таа погубна политика на претходната партија на власт не доведе до тука, како и на силните антивакцинални кампањи, рече министерот во краткото гостување во вестите на 1ТВ.

Тој додаде дека секој ден има околу 4 до 5 нови случаи на заразени. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега