Филипче за здравствената состојба на хирургот Јота: Има нагмечување на мозокот и белите дробови

 

Познатиот хирург, 58-годишниот доктор Ѓорѓи Јота вчера вечерта бил прегазен на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ и улицата „Елисие Поповски Марко“ и со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, а во изјава за новинарите министерот Филипче кажа каква е неговата здравствена состојба.

 -Доктор Јота има тешка повреда на главата. Се наоѓа во едделот за интензивно лекување. Има нагмечување на мозокот и белите дробови, поставен е на респираторна машина и сега се превземаат сите мерки на интензивно лекување, рече Филипче.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега