Филипче за враќање на работа на мајките и хронично болните: Одлуките се носат со сериозна медицинска аргументација

Сите мерки и препораки се носат со сериозна медицинска аргументација. Породилното отсуство беше продолжено за шест месеци бидејќи мајките немаа каде да ги остават своите деца, но со отворањето на градинките, таа мерка претстанува да важи, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство вчера попладне повторно излегоа на протест пред Владата, бараат да се испочитува препораката на Комисијата за заразни болести за продолжување на породилното отсуство до 31.12.2020 година, бидејќи, според нив, со новите случаи на заболени, градинките се ризик за нивните деца.

На денешната прес-конференција во Владата, Филипче се осврна и на одлуката за враќање на работа на хронично болните појаснувајќи дека на работа се враќаат оние чија хронична болест не претставува пречка за нивното нормално функционирање.

– Остануваат дома оние за кои лекар специјалист ќе одлучи и тоа во период од шест месеци. На работа се враќаат оние кои имаат дијагноза хронична болест која никако не го афектира нивното секојдневно нормално функционирање, нагласи Филипче.

Прашан зошто на болницата „8 Септември“ не и се префрлени пари за лечењето на болните од Ковид-19  од страна на Фондот за здравствено осигурување, Филипче рече дека нема такви информација.

– Немам таква информација. Дозволете да проверам со оглед на тоа што лечењето и партиципацијата е преземена од Фондот, односно неосигурените лица имаат целосно покриено лекување од Фондот, а осигурените партиципација, истакна Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега