Филипче за реформите во Брза Помош: Не станува збор за приватизација туку за партнерство

Влезот на приватен капитал во Брза Помош не значи нејзина приватизација, вели Министерот за здравство Венко Филипче во своето гостување во емисијата Детектор на Сител. Филипче вели дека Владата се уште е далеку од одлука за евентуално јавно приватно партнерство и дека доколку дојде до тоа, моделот би бил избран по широка јавна дебата.

„Концептот на приватно – јавно партнерство е нешто што би требало да значи рационализација на трошокот. Ние сега вложуваме пред се во човечкиот капитал, во луѓе. Вложуваме да го надополниме дефицитот на кадри меѓутоа во исто време  еве гледате дека направивме една набавка заштедивме средства освен тие 12 сега ќе следат и 7 нови возила за Брза Помош кои што ќе бидат распределени во другите центри низ државата. Меѓутоа прашање е дали постои друг начин да ги искористиме ресурсите. Има возила на лизинг, има партнерства во тој дел. Има сериозни студии кои што во развиени европски земји покажале дека ние не треб ада инвестираме во возила и во згради. Ние сме далеку од финална одлука заради тоа што сакаме да направиме јавна дебата. Да ги поканиме сите чинители во овој процес вклучително и опозицијата и сите експерти од разни економски сектори.
Се шпекулира со зборот приватизација. Воопшто не станува збор за приватизација. Станува збор за партнерство во кое што својот дел го наоѓа и јавниот и приватниот партнер, трошокот останува ист, а нема никаков екстра трошок за граѓаните односно за пациентите“ – вели Филипче За Детектор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2019 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега