Филипче за инцидентот во ГОБ „8 Септември“: Ова е чин на крајно непочитување на здравствените работници кои со месеци ги немаат видено своите семејства

По вечерашниот инциденто во Градската општа болница „8 Септември“ се огласи министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека група од неколку лица се обидела насилно да земат тело на почината од коронавирусот.

Тој го осуди инцидентот, велејќи дека е израз на крајно непочитување на здравствените работници.

-Ова е чин на крајно непочитување на сите здравствени работници кои повеќе од 4 месеци деноноќно се борат за секој човечки живот. Ова е дискредитација на нивната работа, нивниот труд и жртва, ризикот на кој се изложени и одрекувањата. Овие луѓе со месеци ги немаат видено своите семејства, ги немаат прегрнато своите најблиски, немаат ден одмор и оддишка од напорната работа. Најостро го осудувам овој инцидент. Колегите кои се борат со преку 100 пациенти сместени во болницата заслужуваат само поддршка и разбирање, а не закани. Цврсто сум уверен дека тие постапиле професионално и согласно протоколите и ги повикувам надлежните да го истражат случајот и да постапат соодветно, напиша Филипче на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега