Филипче: Возачот на комбето со кое жената се превезувала од Италија со сомнителни симптоми- се испитува за коронавирусот

Министерот Венко Филипче на попладневниот брифинг со новиарите соопшти дека тестираниот за коронавирусот денеска е негативен, односно нема корона вирус, но возачот на комбето со кој се пренесувала жената од Италија кај која веќе има корона вирус, за првпат се пожалил на кашлица и болки во градите и одведен е во болница во Струмица.

Тој бил сам во домот и бил изолиран досега, резултатите ќе бидат готови за неколку часа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега