Филипче: Вкупно 18 вработени во кумановската болница се заразени со коронавирус, 80 се во самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче заедно со престтавници од Институтот за јавно здравје биле во посета на кумановската болница и соопшти дека најмногу погодено е инфективното одделение на оваа Клиника, каде беше заболен дел од персоналот со коронавирус, па на ова одделение биле донесени лекари од Штип и Струмица.

Вкупно 18 вработени од кумановската болница се позитивни на корона и од вкупно 700 вработени, 80-тина се наоѓаат во самоизолација и тие ќе бидат тестирани кога ќе заврши периодот на инкубација.

Тој вели дека засега лекарите во Куманово имаат доволно опрема и дека другите одделенија функционираат соодветно, односно не се загрозени со кадар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега