Филипче: Вчера се вакцинирале 10.065 граѓани

 

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани, објави попладнево на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека со последните бројки 48 отсто од населението на возраст над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 отсто од населението на возраст над 65 години имаат примено барем една доза вакцина, а 35 отсто од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.

-Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, напиша Филипче.

11.06.2021 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега