Филипче утре на настан „Златен септември“- месец посветен на зголемување на свесноста за детските малигнитети на Градскиот плоштад „Македонија“
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утре со почеток во 11:00 часот ќе присуствува на настанот по повод „Златен септември“, месец посветен на зголемување на свесноста за детските малигнитети на Градскиот плоштад „Македонија“.
На настанот, волонтери ќе пуштат 500 златни балони во чест на децата кои се лекуваат од малигнитети, а изјави за медиуми ќе дадат министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Клиниката за детски болести Наташа Најдановска Алулоска.
18.09.2020 - 17:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа