Филипче: Утре можно зајакнување на мерките против ширење на коронавирусот

Комисијата за превенција од заразни болести во текот на утрешниот ден би можело до Владата да поднесе барање за зајакнување на мерките против ширење на коронавирусот во земјава, најави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

 

Како што кажа тој дискусијата ќе се води на утрешната седница на Комисијата за заразни болести.

-Влегуваме во втората фаза на пандемијата и во следните денови се очекува зголемување на бројот на позитивни случаи на коронавирусот, рече Филипче, додавајќи дека остануваат проекциите пикот на болеста да биде на крај на месецов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2020 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега