Филипче: Уште еден сомнителен случај со коронавирусот- Во домашна изолација се 12 лица, меѓу кои две деца

На денешната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче рече дека моментално се чека резултати на уште едно лице кое било во Рим, а ќе бидат готови за час половина, а освен овој случај, нема дурги сомнителни лица засега. Останатите двајца кои денес беа тестирани беа негативни.

Тој наведе дека резервите на заштитни маски и ракавици засега се доволни, но сепак се започнува со набавка на нови залихи. 

- Дадовме препорака за патување во Италија, но не можеме никого да запреме, освен ако нема некаква потреба поробро е да не патуваат во Италија, рече Филипче.

Министерот рече дека помеѓу изолираните лица кои биле во комбето со жената која има симпотоми на коронавирусот има и две дева кои моментално се изолирани во своите домови, но ниту еден од нив нема симптоми на грип, а доколку има тогаш тие ќе бидат сместени во карантин во некоја од установите.

Министерот нагласи дека пациентката кај која беше  констатирано дека е заразена со корнавирусот е во добра здраствена состојба.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа