Филипче: Тестот на Мицкоски за коронавирус е негативен

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната вонредно обраќање изјави дека тестот за коронавирус кој е направен на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е негативен.

Претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Мицкоски и Зоран Заев се во задолжителна самоизолација откако Филипче потврди дека телевизиски новинар е позитивен на коронавирус, а истиот снимал тв интервјуа со лидерите на двете партии.

-Резултатот на Христијан Мицкоски кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 денаод последниот контакт со заболениот. Во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети. Резултатот на претседателот на СДСМ, Заев, со оглед на тоа дека тој доцна синоќа замина за Струмица, ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш е ставен во домашна изолација, истакна министерот за здравство.

Заев и Мицкоски минатата недела гостуваа на ТВ Канал 5.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега