Спремни сме за превремени избори во било кое време и мислам дека на граѓаните конечно им е јасно за каква Влада станува збор. Опозицискиот лидер филипче демонстрираше оптимизам дека неговата партија може да се врати на власт до крајот на оваа или на почетокот на наредната година.
„Јас сум прилично сигурен дека предвремени избори ќе има. Дали ќе бидат на крај на оваа година, дали ќе бидат на почеток на следната година, и тоа од неколку фактори. Прво, оваа влада е тесно поврзана и тоа ние секојдневно го објавуваме и го аргументираме со авторитарните режими во регионот на Орбан и на Вучиќ.
Избори ќе има во двете земји. Многу работи ќе зависат од исходот на тие избори, понатаму од тешката економска состојба во која што се наоѓа државата. Оваа влада ја носи државата во амбис. А во однос на нашата подготвеност апсолутно во било кое време сме спремни да настапиме на избори, при тоа мислам дека конечно Граѓаните им е јасно за каква влада станува збор и дека повеќе нема да може да помине лажната пропаганда со која што тие дојдоа на власт во 2024 година.“ – рече Филипче во изјава за новинарите.
Актуелно
- Филмска кражба во Штип: Жена со тешки повреди заврши во болница
- УХМР со најнова прогноза – до крајот на неделата дожд и снег
- Хорор во пехчевско: Млад „дивокрадец“ се заканувал на полицајци и се обидел да ги запали дрвата за да ги сокрие доказите
- Сообраќајка кај преминот Блаце: Косовско возило удри во паркиран автомобил, повреден младиот кумановец
- Жена се бори за живот по удар од возило во Гостивар
- Токсична храна за бебиња веќе дистрибуирана на македонскиот пазар: Овие пакувања на Аптамил веднаш треба да ги вратите
- (ФОТО+ВИДЕО) МВР со детали: Со шлеп-служба се обиделе да прошверцуваат 150 кг марихуана од Струга до Свети Николе
- Бизис секторот во БиХ пред колапс: Прекинете ги блокадите, штетите се мерат во милиони евра

