Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчера објави дека се лекува на Инфективната клиника, е стабилна, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

-Според моето стручно мислење, а според информациите што ги имам, неговата состојба е стабилна, рече Филипче.

Мицкоски минатата недела објави дека е позитивен на Ковид-19, а вчера одговарајќи му на својот политички противник отрки дека се лекува на Инфективната клиника дека има температура и главоболки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2021 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа