Филипче: Сопатниците од комбето со заразената Македонка контактирале само со семејствата и остануваат во изолација

Покрај пациентката кај која вчера беше потврден коронавирус, на Инфективната клиника во меѓувреме се тестирани уште две лица, кај едното е негативен резултатот, а кај второто парцијално позитивен и се прават дополнителни тестирања, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Едниот е возач на камион кој патувал преку северна Италија со симптоми на грип и неговиот тест  е негативен, а вториот случај ежена која со сопругоит била на патување во Рим. Нејзиниот тест е само парцијално позитивен што може да биде вкрстена реакција од други вируси. Затоа се прави дополнително тетсирање за да се отстранат сомнежите. Резултататите ќе бидат готови за два часа, истакна Филипче, во изјава за мадиумите на Вториот Форум за национално здравје.

Тој посочи дека пациентката со потврден коронавирус е во добра состојба и оти во меѓувреме се исконтактирани и ставени во домашна изолација и лицата кои биле во контакт со неа и со другите патници во комбето со кое се превезувале. Се досега укажува дека лицата не биле во контакт со голе маса луѓе освен со семејствата и тоа во куќите во кои живеат и во своите дворови и остануваат во соодветна домашна изолација.

Како што најави Филипче, денеска во 13 часот ќе има состанок комитетот за координација на активностите заедно со припадници на МВР на кој ќе биде утврдено дали ќе продолжи домашната изолација за лицата или тие ќе бидат премесетни во центрите за изолација на инфективните одделенија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега