Филипче соопшти дали се планира воведување на полициски час

На денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање рече дека во моментов нема потреба од воведување на полициски час од 21 до 5 часот наутро и процентот за смртност е голем насекаде.

– Ги анализираме бројките секој ден, сметаме дека во моментов нема потреба да воведување на полициски час, затоа што угостителите не работат по 21 часот, забрането е групирање во текот на целото деноноќие и како еден одреден ризик остануваат обирите во домашни услови, за кои препорачуваме да не се случуваат – рече министерот.

Тој потенцираше дека засега не планираат други мерки истакнувајќи дека во близу дветретини од градовите има сериозно намалување, а критични остануваат Куманово, Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Во однос на барањето на градоначалникот на Прилеп за воведување полициски час, Филипче рече дека ќе имаат средба утре и детално ќе ја разгледаат епидемиолошката ситуација, како и дека засега е добро изменаџиран болничкиот капацитет, крветите и лекарите.

– Смртноста е тренд насекаде, огромен е бројот на смртни случаи и во околните земји. Ние ја правевме нашата интерна анализа која укажува на голем број на пациенти со хронични болести кои и покрај сите превземени мерки не можеше да им се помогне. Имаме проблем со многу непредвидлива болест, има многу необјаснети ситуации за кои допрва треба да одгорат медицинските истражувања – изјави министерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега