Филипче: Сите кинески вакцини ќе пристигнат одеднаш

Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на Сител рече дека надминати се сите проблеми со документацијата поради кои Кина го врати капарот за набавка на 200.000 дози од вакцината на Синофарм.

-Ние тоа го направивме со цел да ја забрзаме постапката. Отпосле не информираа дека се потребни на нивно барање, некои дополнителни документи и за наша сигурност се врати уплатата. Сега се расчисти административната процедура, сега разговараме за кога треба да пристигне таа кинеска вакцина. Тоа што со сигурност го знаеме е дека разговараме и за тоа зема обврска и кинеската страна дека целокупната количина ќе стигне веднаш. Но сега, навистина не знам, очекувам информација, рече Филипче, додавајќи дека не сака да се обврзува со рокови кога тие би пристигнале во Македонија.

Вели дека за разлика од КОВАКС и Фајзер, оваа количина треба да пристигне наеднаш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2021 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега