Филипче: Се зголеми бројот на смртни случаи не само кај нас, туку и секаде

Се зголеми бројот на смртни случаи не само кај нас, туку и секаде, еве и кај соседите, кажа министерот Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21.

„Имаме специфичен пристап кој не го сменивме од почетокот. Се земаат брисеви и пост мортем. Зошто? Затоа што сакаме да ги заштитиме најблиските. Ние можеме фиктивно да го намалиме, ќе престанеме да тестираме пост мортем. Нема да биде вистински и чесен пристап, не само кон пациентите, туку и кон семејствата. Се пријавуваат сите кои имаат сарс-ков вирус, според препораките на СЗО. Без разлика дали имаат такви тешки коморбидитети кои може да бидат вистинската причина на смртта. Затоа е таков став, со цел да ги заштитиме сите членови на семејството“, кажа Филипче.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега