Филипче се сретна со јапонската амбасадорка: Во тек е реализација на грант за набавка на медицинска опрема во неколку јавно-здравствени установи

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Амбасадорката на Јапонија во Република Македонија Н. Е. г-ѓа Кеико Ханеда.

Повод за средбата е реализацијата на грант за медицинска опрема во неколку јавно-здравствени установи. Со овој грант, дополнително ќе се зајакнат капацитетите во установите. Процесот на реализација е во тек, а ќе се финишира во наредниот период.

„Јапонија е нашиот голем и искрен пријател. Се заблагодарувам за целокупната поддршка овие изминати години во осовременување и унапредување на здравствениот сектор. Тие се со нас и во овие моменти кога се справуваме со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Во месец јуни, преку итна неповратна помош, од амбасадата на Јапонија во партнерство со УНОПС го добивме лекот „Авиган“ наменет за 100 пациенти заболени со ковид-19.“, нагласува министерот Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа