Филипче: Се соочуваме со силен бран на вирусот, ќе се прават 350 повеќе тестирања во текот на денот

Се соочуваме со силен бран на вирусот, ситуација која значително ги тангира сите сегменти во здравствениот ситем, од лабораториските капацитети со сместувачките капацитети, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција пред Министерството за здравство.

 

–Ја очекувавме оваа ситуација, слична е состојбата во сите европски земји. Мора луѓето да покажат свесност. Доколку доследно се почитуваат мерките ќе има резултати– рече Филипче.

На Инфективната болница има се уште слободни места, но тие забрзано се пополнуваат, направивме план за дополнување на капацитетите.

–Се подготвуваат две одделенија во болницата „8 Септември“, поради секојдневниот раст на новозаболени, предложено е проширување на капацитетите и на болницата во Козле, како и отворање на нова лабораторија за тестирање на материјали- рече Филипче.

Се мобилизираат сите доктори за да помогнат во борбата со коронавирусот, вели Филипче.

-Обезбедени се повеќе тестови во повеќе институции, ќе се прават 350 повеќе тестирања во текот на денот- рече Филипче.

На новинарско прашање министерот потенцираше дека пациентите многу доцна се јавуваат на болничко лекување.

 

-Пациентите доаѓаат во болница многу касно, над 85 проценти од починатите пациенти имале претходни заболувања- рече министерот за здравство Венко Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега