Филипче: Се соочуваме со навистина силен бран

Рестрикцијата е во интерес на заштита на јаното здравје. Имавме прилично стабилен период, поминавме без значајни рестрикции споредбено со другите земји, но она со што сега се соочуваме навистина силен бран и сме приморани да препорачаме една ваква – мерка на рестрикција на движењето, рече министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Тој нагласи дека не е лесно, ниту едноставно да се спроведе забраната за движење.

-Психолошки можеби влијае кај луѓето, но барам разбирање и поддршка. Сето ова е во интерес на заштита јавното здравје со цел овој бран на некој начин да го амортизираме. Целта е да се намали движењето во вечерните часови после затворањето на угостителските објекти. Сведоци сме дека младите се собираат и во вечерните часови на јавните површини, не се носат маските и очигледно е дека британскиот сој кој е се поприсутен кај нас – над 70% и очигледно го прави своето, изјави во Утрински брифинг министерот за здравство, Венко Филипче.

Според министерот претпоставка е дека со оваа форма на рестрикција ќе се ограничи ширењето на вирусот преку младите, кои очигледно е дека се најголемиот вектор, начин на трансмисија на вирусот.

-Има две можни претоставки на епидемиолозите. Едната е дека ќе се повтори онаа стрмна крива на зголемување на бројот на случаи како што беше во ноември, а другата претпоставка е дека сепак ќе заземе некое плато. Но во овој момент кога ние точно не знаеме како ќе се одвива епидемијата, ние мораме да го заштитиме болничкиот сектор. Не смееме да дозволиме да имаме пренатрупани болници. Ние тоа успешно го избегнавме во сите изминати бранови и вурене сум дека и сега тоа добро ќе го изменаџираме, вели Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.03.2021 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега