Филипче се повлече уште пред да го сменат - за вакцинација во Македонија веќе не се ни зборува

Иако константно се намалува бројот на ковид тестови, процентот на позитивни и натаму останува висок.Вчера речи си 14% од тестираните биле позитивни. Но спроведени беа само 2744 тестови па затоа имавме 375 нови случаи.
Но, бројката на починати останува многу висока. Вчера 16 нови смртни случаи со кои само во декември за 7 дена починале вкупно 93 лица што е дневен просек од 13 смртни случаи.
Иако наједонставниот излез е вакцинацијата, во Македонија практично веќе никој и не зборува за оваа тема. Откако Владата го одби предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести за задолжителна вакцинација на вработените и најавените промени во раководството на Министерсството за здравство се уште актуелниот министер Филипче практично го нема во медиумите а Министерството за здравство веќе не ги ни испраќа до медиумите ниту дневните статиситки за бројот на дневно вакцинирани пациенти. Македонија и натаму останува меѓу земјите со најниска стапка на вакцинација во Европа и шеста во светот со највисока смртност.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.

08.12.2021 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа