Филипче се огласи за употребата на службено возило: Бев во посета на штипската болница, бев уверен дека постапувам согласно Законот

Министерот за здравство, Венко Филипче се огласи за употребата на службено возило.

-Во врска со приговорот на ВМРО-ДПМНЕ до Државната комисија за спречување на корупција за моја наводна злоупотреба на службено возило на Министерството за здравство за партиски цели во Штип на 28 јуни, ја информирам јавноста дека на споменатиот датум во Штип бев во посета на штипската болница која од почетокот на корона кризата функционира како регионален ковид центар, а посетив и една градинка во градот. На настанот дојдов со возило кое на почетокот на кризата Министерството за здравство го доби од Агенцијата за разузнавање со договор за користење, а не со службено возило на министерството. По завршување на дневните обврски пред заминување за Скопје, во својство на Претседател на здравствената комисија на СДСМ бев на настан на кој ја презентирав здравствената програма на коалицијата Можем, се вели во писмената изјава на министерот Филипче.

Вели дека бил уверен оти постапува согласно закон, дека нема апсолутно никакви прекршувања.

околку се утврди спротивното се извинувам за ненамерниот превид. Ниту пред, ниту по Штип не сум користел службено возило за никакви други цели освен за работните обврски во министерството. Образложението за ова ќе го доставам и до Претседателот на Владата, Оливер Спасовски. Сите посети на јавно здравствените установи низ земјата во овој период се во насока на согледување на состојбите во установите, начините на кои тие се справуваат со корона кризата, предизвиците со кои се соочуваат здравствените работници и можностите за унапредување на целокупниот здравствен систем во справување со ковид-19, се вели во изјавата на Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега