Филипче: Се ќе се затвори во 23 часот - да се работи онлјан и во смени

На утрешната владина седница ќе се најдат последниот сет рестриктивни мерки предложени од Комисијата за заразни болести- економските субјекти да работат до 23 часот, забрана за одржување на секакви настани и преполовување на капацитетот на патници во јавниот превоз. Но и овие мерки ќе зависат од законските измени во Собрание. Филипче побара од граѓаните почитување на овие мерки оти следната е полициски час.

 Филипче вели дека ги следат и искуствата од соседството каде има поригорозни мерки,но засега кај нас доволни биле и овие.

„Пратејќи ги сите овие трендови, анализирајќи ги сите овие нови бројки на заразени, нешто што и беше очекувано и го најавувавме и се случува насекаде во регионот и Европа, на Владата за утрешната седница ќе и предложиме сите економски оператори да работата до 23 часот, ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 проценти и препорака  до целата државна јавна администрација работниот процес се одвива во смени или онлајн од одма или редуцирано со систем на ротации“ – изјави Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега