Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на свечената седница по повод јубилиеот од основањето на партијата, порача дека СДСМ 35 години ја носи одговорноста за иднината на државата преку креирање клучни државни политики и одлуки. Во своето обраќање, Филипче потсети на историските почетоци на партијата и државата, како и клучната улога на СДСМ во во најтешките периоди и во создавањето на независноста на државата.
-Тоа не беше време на лесни решенија. Тоа беше време на санкции, ембарга, неизвесност и кревка државност. Но токму тогаш се покажа дека политиката не служи за да се делат улоги и функции, туку за да се носи тежината на државата. Но токму тогаш се покажа дека политиката не служи за да се делат улоги и функции, туку за да се носи тежината на државата. И затоа, кога денес се навраќаме на тие почетоци, не треба да паметиме само имиња и функции. Треба да ја паметиме лекцијата: државата не се гради со викање, државата се гради со разум, со институции и со одговорност. И затоа толку силно одѕвонува реченицата на Киро Глигоров: „Македонија е сѐ што имаме“. Тоа не е само наслов на книга. Тоа е и мерка на политичка зрелост, рече Филипче.
Притоа, Филипче подвлече дека вистинската државотворност се покажува во најтешките моменти, потсетувајќи на улогата на СДСМ во 2001 година и потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
-Во 2001 година, кога државата беше на работ на бездна, СДСМ беше дел од владата на национално единство и еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор. Вистинската државотворност не е да навиваш од безбедна далечина, туку да носиш одлуки и одговорност кога цената е највисока. По конфликтот, одговорноста продолжи и во 2002 година, а во 2005 Македонија го доби кандидатскиот статус за членство во Европската Унија. Тоа не беше подарок, тоа беше силна порака дека мирот, демократијата и европската иднина не се одделни приказни, туку една иста државна и историска задача. Кога сме биле најдобри, сме биле разумни. Кога сме биле најразумни, сме биле и најевропски , рече Филипче.
На свечената седница Филипче се осврна и на поновите политички и храбри одлуки на СДСМ, потенцирајќи го членството во НАТО.
-По политичката криза, по Пржино, по изборите во 2016, во 2017 СДСМ повторно ја презеде одговорноста да ја извади државата од блокада. Дојдоа најтешките државни одлуки: Преспанскиот договор, влезот во НАТО во 2020, па стартот на пристапните преговори со ЕУ во 2022. Околу тие одлуки ќе има расправи и утре, и задутре, и уште долго. Бевме соочени, и се уште сме, со најтешките клевети и партиски пропаганди завелепредавства, за измислена распродажба на државни и национални интереси, наводно загрозени идентитет, јазик и историја. Но, фактите остануваат, тие не можат да се избришат и покрај жестоките пропаганди и манипулации: Ништо не е изгубено, напротив, идентитетот, јазикот, културата историјата се заштитени.Потпишан е договор со ЕУ на македонски јазик, државата стана побезбедна, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ, Филипче нагласи дека вистинската социјалдемократија подразбира систем на еднаквост, правда и солидарност.
-Што е вистинска социјалдемократија. Таа не е боја. Не е етикета. Не е носталгија. Не е удобна партиска поза. Вистинската социјалдемократија е политика во која слободата не е привилегија на богатите, а правдата не е утеха за сиромашните. Вистинската социјалдемократија е држава што ги шири демократските принципи и врз економијата. Тоа значи работа што носи достоинство, јавно образование што носи шанса, здравство што не зависи од врски, даноци што не го газат средниот слој и ранливите, туку бараат фер придонес од оние што имаат најмногу. Тоа значи слобода, правда и солидарност, не како плаќат, туку како систем, рече Филипче.


