Филипче: Пристигнувањето на кинеските вакцини може да се пролонгира- во преговори сме и за руската

Министерот филипче во изјава за медиумите оцени дека здравствен систем добро се справува со пандемијата од корона вирусот.

Сега сме во тренд во кој има зголемување на бројот на заразени според последните пресметки. Не можеме да бидеме сигурни дали тоа е моментално или ќе продолжи понатаму.Анализата на геномската секвенца покажа дека дека околу 70 отсто од новодијагностицираните се од британскиот вид на корона вирусот. Викендот ќе се анализираат ситуациите, посебно во градовите Прилеп, Охрид и Кавадарци и ќе видиме дали ќе се препорачаат рестриктивни мерки. Што се однесува до пристигнувањето на кинеските вакцини, нивното доаѓање во Македонија може да се пролонгира за неколку денови“, вели Филипче.

Потпишан е договорот за руската вакцина, постојано траат разговорите со сите компаниите, додека пак со „Фајзер“ и кинеските вакцини се во финална фаза.

-Почнавме да преговараме и за руската вакцина, а рускиот амбасадор во Македонија се понуди со негови лични контакти да се обиде тој процес да го забрза, речче Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега