Филипче: Правиме план за зголемување на здравствени капацитети во интерните одделенија низ земјата

Министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, денеска одржаа работни состаноци со директорите од Универзитетските клиники, Клиничките и општите болници ширум државата, како и со главните медицинските сестри од Клиниките во Скопје.

На состаноците беше договорено сите директори да направат дополнителна реорганизација на просторот во со цел обезбедување на дополнителни капациети во интерните одделенија и како и оптимизација на медицинскиот кадар од Клиниките во Скопје кој ќе биде активиран за дополнителна помош во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде се третираат пациенти од ковид-19.

Во периодот кој претстои ги зајакнуваме сите здравствени капацитети во земјава. Правиме целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто така ќе им бидат помош и на колегите во инфективните одделенија. Спремаме дополнителни капацитети со цел подобро справување со овој непредвидлив вирус во зимскиот период. потенцираше министерот Филипче и додаде дека во очекување се да пристигнат и брзите тестови во помош при детекција на присуство на ковид вирусот при хоспитализација на пациентите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2020 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега