Филипче: Починаа 5 лица од коронавирус во земјава, а уште 29 се заразени - влошена состојбата на родилката од Куманово

Имаме 5 починати пациенти, четворица на Клиниката за инфективни болести. На клиниката во изминативе 24 часа се примени 4 пациенти, 6 се механичка вентилација, има влошување на состојбата на родилката од Куманово. Таа се уште е респираторно самостојна но има значајно влошена клиничка слика. Во Градската општа болница „8-ми септември“ хоспитализирани се 18 пациенти, 9 со тешка клиничка слика, а тројца се на респираторни машини, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, еден со средно тешка и тројца со лесна клиничка слика.

Во однос на клинината за дигестивна хирургија еден од среднотехничкиот персонал кажал дека има заболени во семејството, се уште непотврдени. Утре ќе се тестираат. Сите кои биле со него на работно место се во самоизолација.

Денеска остваривме посета во болницата во Куманово, со оглед на тоа дека кај 18 вработени е дијагностициран вирусот со што е направена реоргнизација на работата. Најмногу на инфективното одделение. Од вкупно 700 вработени има уште 70 кои што се во самоизолација. Директорката информираше дека има доволно количина на заштитна опрема. 

Што се однесува до останатите одделенија сите функционираат соодветно.

Во изминатите 24 часа потврдени се 29 нови случаи.Со ова вкупната бројка изнесува 599 заразени. Направени се 386 тестови и вкупно во земјава тестирани се 5.879. Сосем мал процент од овој вкупен број на тестови се кај пациенти кај коишто имало потреба да се повтори тестирањето.

Од 30 март до 5 април направени се вкупно 91 инсепкциски надзор. Констатирани се доволни количини на заштитна опрема како и на средства за дезинфекција.

Го честитам Светскиот ден на здравјето на сите мои колеги, кои во овие услови на пандемија од коронавирусот, којшто претставува една од најголемите закани на човештвото се на првата борбена линија и даваат се од себе во лекувањето и третманот на пациентите и спасуваат човечки животи. Тие се столбот на државата и нашата најголема надеж. Апелирам да се чуваат и н работното, но и надвор од работното место.

Сакам да апелирам до граѓаните да бидеме одговорно кон себе и своите најблиски, да се придржуваме кон мерките и сите да ги почитуваме и со тоа да ставиме крај на вирусот.СЗО во текот на денешниот ден ги предупреди земјите коишто планираат да ги ублажат мерките, да размислат, бидејќи за тоа е се уште рано.

Само строги мерки може да доведат до дефинитивно спречување на вирусот. Тоа е нешто што мораме да го направиме за да го намалиме ризикот по сопственото и колективното здравје“, кажа Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега