Филипче: Пет лица вработени во Клиниката за кожни болести позитивни на коронавирусот

Покрај сите напори на лекарите и интензивната терапија за жал денеска почина уште една жена на Клиниката за инфективни болести. Беше на 66-годишна возраст и примаше хронична терапија за хипертензија. Во изминатото деноноќие имаме заклучно со 12 часот нови 29 случаи на заразени во нашата земја и по градови: Скопје 20, Куманово 3, Прилеп 2, Дебар 1 лице и Велес 3. Вкупно се 177 лица. Според местото на живеење заразени има Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Охрид, Гиостивар, а од денеска и во Прилеп и во Велес.=, кажа на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

„На инфективно се направени тестови на четворица на пациени кои пододлго време се лекуваат таму и тие тестови се негативни. Од тие 4-ца тројца се во значајна добра состојба и ќе биде земен уште еден тест утре и доколку и тој тест е негативен тројцата пациенти ќе бидат спремни да се упатат на домашно лекување. Нивната состојба постепено се подобруваше и согласно тестовите исклучително се мали шансите да дојде до некаква компликација или влошување. Од 29-те нови случаи, 5 лица се од кожната клиника кои после 16 дена поминати во изолација без никакви симптоми, тие имаат позитивен резултат. Тоа се колеги во добра општа состојба, асимптоматски, го чекаат дома периодот од 14 дена во самоизолација да помине. Со оглед на тоа што во оваа група има повеќе лица, денеска се овие 5 позитивни од 30 тестирани, а во следните денови продолжуваат да се тестираат и другите пациенти кои доаѓаат од другите места. Поделени се луѓето во повеќе циклуси и треба да завршат во следните 4-5 дена.

Сметам дека е на некој начин добро што во многу рана фаза се откриваат дел од новодијагностицираните, што значи дека здравствениот систем може да ги амортизира. Сметам дека во смисла на терапија да се открие пациент да е носител на вирус, а да нема симптоми е добро. Ги анализираме искуствата од сите земји во светот и сметаме дека со овој наш начин на пристап  и со апели и цврсти пораки дека е тоа што најдобро може во во овој момент и треба да се направи во нашата земја. Со оглед на големиот интерес на јавноста ќе излеземе со детална статистика за тоа што досега се случува со бројот на пациенти и нормално очекувањата во рамките на можниот процент за грешка на анализата.

Добро функционират пунктовите, матичните лекари закажуваат термини, денеска имаше и состанок како ќе се спроведе мобилното тестирање за да се пристапи и до потенцијални ризични групи.

Во тек сега е седницата на Владата на која се дискутира предлогот за тоа како ќе се организира полицискиот час во текот на викендот. Имаше дискусија за повеќе опции, по завршувањето на седницата ќе информираме за тоа како ќе биде регулирано движењето од понеделник до петок следната недела.

Пред вирусот сите сме еднбакви, мора да се придржуваме до правилата, ако не се почитуваат мерките, нема да има заштитени“, кажа министерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега