Филипче: Пациентите со трансплантирани бубрези се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои им беше извршена трансплантација на бубрези се во добра здравствена состојба, информираат од од Клиниките за нефрологија и урологија информираа.

Во петокот, на 31 јули беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент со констатирана мозочна смрт и беа трансплантирани кај 35 годишна жена и 60 годишен маж. По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија.

-По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија. Нивната здравствена состојба е стабилна, под континуиран надзор и грижа од страна на лекарскиот тим. Задоволен сум што во изминатите три години изведовме 55 трансплантации, од кои 10 од починат дарител. Во ек на пандемија од ковид-19, продолжуваме со реализација на Програмата за трансплантација. Кон крајот на месец мај изведовме прва трансплантација на срце. Со ова, пациентите имаат нова шанса за живот. Овозможуваме квалитетна здравствена заштита за сите граѓани, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега