Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, проф. Д-р Венко Филипче, денеска се сретна со хрватскиот експерт Владимир Дробњак, кој беше главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија. 

На средбата беа разменети мислења и искуства во однос на евроинтегративните процеси, предизвиците со кои се соочуваат земјите кандидати и перспективите за понатамошното проширување на Унијата.

Во разговорот, Филипче се осврна на актуелната политичка состојба во државата, како и на закочениот европски пат на земјата.

Ја истакна потребата од забрзување на евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека реформите, внесувањето на малцинствата во Уставот и добрососедските односи остануваат клучни предуслови за напредок на земјата на европскиот пат.

Exit mobile version