Филипче: Одлучивме вакцината АстраЗенека да не се дава на лица помлади од 60 години

Одлично оди процесот на вакцинација, денеска се вакцинира дел од здравствените работници и наставничките од прво до трето одделение, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Утрово имавме консултација со членови на работната група за имунизација во врска и со местата во болниците и некои други актуелни прашања.

Има сосем доволен број на кревети и во Скопје и ширум државата. Не се осеќа тој притисок како вчерашниот ден. Веќе има слободни места на интерните клиники. Се уште има голем број на пациенти со тешка клиничка форма на болеста.

Утрово разговараме за ставот на европската агенција за лекови во врска со безбедноста на АстраЗенека. После евалуацијата на сите тие несакани ефекти бордот излезе со две препораки: тие не сакани ефекти треба да влезат во упатството и второ секоја држава да заземе став.

Донесовме став вакцината на „АстраЗенека“ да не се дава на помлади лица од 60 години во нашата земја. Нема препораки за претпазливост по однос на оние кои веќе ја примиле, а за ревакцинацијата за оние кои веќе се вакцинирани со оваа вакцина нема став. Ќе ги пратиме насоките и ќе донесеме став во следниот период, истакна министерот Венко Филипче.

Во однос на тие што веќе добија една доза во србија, нема препораки за било каква претпазливост. Во однос на ревакцина треба да дојдат за периодот од 3 месеци“, кажа Филипче.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа