„Ова е момент на нов почеток. Ако се откажеме, ќе ја оставиме иднината во раце на оние што ја враќаат старата матрица: блиските добиваат, останатите не се важни“, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанска трибина во Штип каде беше презентирана програмата на СДСМ и коалицијата „Се бориме за нашиот дом“.
„Секој член, секој симпатизер, секој што верува во социјалдемократската идеја станете, вклучете се. Организирајте го маалото, разговарајте со соседот, помогнете на терен. Нема мал придонес. Секој повратен глас е цигла во нашиот заеднички дом. СДСМ на овие избори излегува со нова понуда и нова енергија: чесни и проверени луѓе, кандидати со професија и резултати, луѓе со интегритет што ќе работат за вас, не за партија. Луѓе што нема да ми одговараат мене, ќе одговараат пред вас граѓаните. Ова е суштинската разлика меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ, ние нудиме локална власт како сервис за граѓаните. Ќе нè гледате и ќе нè контролирате. Така се враќа довербата“, рече Филипче.
Филипче исто така рече дека кандидатот за градоначалник на Штип Павел Иванов и неговиот тим кандидати за советници имаат план со ској младите ќе сакаат останат дома, план со кој Штип ќе биде зелен град со брз локален, економски развој и инфраструктурен развој. Тој ги повика граѓаните на 19ти октомври да излезат и преземат одговорност и да не дозволат сегашната судбината да не биде иднината за младите во Штип.