Филипче: Од денеска двојно ги зголемуваме и болничките капацитети и бројот на тестови за Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека од денеска се зголемуваат капацитетите во болниците и бројот на тестови.

„Ги зголемуваме термините, но и бројот на тестови за ковид-19. Дадовме насока на сите лаборатории за време на празникот и викендот да има дополнителни термини и да нема намалување на бројот на тестирања. Од денеска, за двојно ги зголемуваме и болничките капацитети. Со ова, значајно се зајакнува бројот на кревети за два до три пати. Но, целта не е да се исполнат болничките капацитети, туку со мерките кои стапија на сила и законските измени кои треба да поминат наредната недела со задолжително носење на маска и ограничување на собирите ќе ја намали епидемијата во земјава“, напиша Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега