Филипче: Очигледно е дека делта сојот нема да биде последната мутација – нови рестрикции ќе се носат согласно моменталната ситуација

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека очигледно е оти ќе продолжи трендот на појава на нови мутации на коронавирусот и оти делта сојот нема да биде последен од вирусот. Рече дека е можно влошување на епидемилошката состојба во државата.

-Во зависност од моменталната состојба ќе разговараме за евентуални рестриктивни мерки. Прво, насочени кон оние кои не се вакцинирани, бидејќи нема потреба да ставаме дополнителен ризик за луѓето коишто се вакцинирани знаејќи дека тоа е единствениот начин за нормално да функционираме и животите да ги вратиме назад. Еве сега, очигледно е дека кризата продолжува. Може да трае и во следните години. Така што, ставаме акцент на вакцинацијата којашто продолжува, рече Филипче во Гевгелија, додавајќи дека верува оти нема да спласне интересот кај граѓаните за вакцијација.

Министерот е свесен за зголемување на бројките во изминатиот период, но вели дека она што е најважно е дека нема притисок кон болниците.

31.07.2021 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега