Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Струга, истакна дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои во услови и кога нема никаква криза не преземаат никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните, СДСМ за седум години покажа што значи вистинска грижа за секој граѓанин и за приватниот сектор.
„СДСМ имаше седум години власт во кои што скоро секоја година беше некоја криза. Беше Ковид криза, беше енергетската криза, економска криза. И во сите кризи покажавме со конкретни дела, со конретни чекори како се штитат граѓаните. Платите и во такви кризи растеа“, рече Филипче.
Тој потсети дека СДСМ со девет антикризни пакети ги заштити граѓаните, им помогна на компаниите да бидат ликвидни.
„Имавме девет пакети антикризни мерки во износ од 2,6 милијарди евра. Се спасија 80.000 работни места во 20.000 компании. Над 660.000 семејства беа заштитени со поддршката во плаќањето на сметката за струја. Тие семејства не го почуствуваа ценовниот шок“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче додаде дека со СДСМ како Влада, за првпат, три пати се зголеми минималната плата, а паралелно растеше и просечната плата. Во мерките, како што кажа, не беа изоставени ниту пензионерите.
„За првпат во историјата, ја зголемивме и направивме Методологијата за постојан раст на минималната плата, која три пати се зголеми и достигна 22.500 денари. Ветивме просечна плата од 500 евра, но тоа значително се надмина. За нашите пензионери кои ја изградија државата, да имаат достоинствен живот, обезбедивме примања и ги зголемивме пензиите за 55%“, посочи Филипче.
За разлика од СДСМ, како што кажа Филипче, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за година и пол ја доведе економијата до колапс и не употреби ниту еден механизам за да ги заштити граѓаните од ценовните шокови.