Филипче: Нема заразени од коронавирус во Владата

Нема заразени од коронавирус во македонската Влада, информираше, на денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче.

На новинарско прашање дали има информации за заразени од ковид-19 меѓу политичарите во земјава и меѓу избраните и именувани функционери, Филипче рече дека нема информации за тоа. Посочи дека, бројката на избрани и именувани лица во повеќе државни институции е голема, така што не би можел да даде конкретни податоци за тоа.

„Што се однесува до Владата, можам да кажам дека нема инфицирани“, рече Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега