На граѓаните треба да им е јасно дека тоа што до сега го зборувавме е вистина и се што најавивме практично се случува. Нема ни збор за главните проблеми во државата. На власта и се брза да направи избори, затоа што пари нема. Дупката во Буџетот е огромна, а понатаму исто така како што најавивме ќе следи проектот мигранти за пари. Предупредивме дека има огромна дупка во Буџетот. Недостасуваат околу 2 милијарди евра. Конкретно на страна на приходите кусок од 500 милиони евра, дефицит во Буџетот е 680 милиони евра. Доспеани и неподмирени обврски кон економски субјекти 700 милиони евра, изјави лидерот на СДСМ на денешната прес-конференција по лидерскаа средба во Клубот на пратеници на која не присуствуваше само тој.

И да не биде предоцна, ќе повториме уште еднаш за мигрантите, дека и за тоа сме биле во право.
Укинувањето на техничката влада треба да се случи тогаш кога нашето општество ќе биде зрело за тоа.
Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не се прашања за политички пазар. Затоа неопходни се реформи по европски стандарди, посебно во делот на правосудството, додаде Филипче.

И кога ќе бидат донесени сите реформски закони онака како што треба, според препораките на оценската мисија, на луѓе експерти од Европската Унија, кога сите тие реформи, закони не само што ќе се донесат, туку и ќе почнат да се користат, ќе бидат вистински имплементирани во судството, во обвинителството, во полицијата, во делот на правдата.

Ете тоа е моментот кога ние како држава ќе бидеме спремни да се укине техничката влада, и тоа е клучно.

Затоа СДСМ ќе ги поддржи само реформите кои што оваа земја носат на ниво на европските стандарди.

ВМРО и ДУИ нека договараат што сакаат. Нивната соработка на сите нас ни е многу добро позната. Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Ние не сме на пазар. Наша обврска е да ја вратиме власта во рацете на граѓаните, изјави Филипче.

Exit mobile version