Филипче: Нема потреба од полициски часови во Неготино и Гевгелија

Засега нема потреба од локални полициски часови, смета министерот за здравство, Венко Филипче откако претходно општините Неготино и Гевгелија побараа такво нешто поради влошувањето на епидемиолошката состојба.

– Доколку се одлучи дека тоа може да има некаков ефект тогаш да, но засега во ниеден град нема потреба од полициски час, рече Филипче, при денешната посета на почеток на градежните работи на поликлиника во Општина Сарај.

Вели дека болнците засега не се загрозени бидејќи има место и се следи дали ќе продолжи трендот на раст.

– Но, на почетокот на следната недела ќе го кажеме ставот во однос на нови рестриктивни мерки – нагласи Филипче, кога треба да се состане Комисијата за заштита од заразни болести.  Тоа што го анализиравме во претходните денови беше анализа по градови, како и генотипот на вирусот, и да, зголемениот број новозаразени се должи на британскиот вирус над 70 отсто. Зголемена инциденца има во Скопје, Охрди, Прилеп, Кавадарци, рече Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2021 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега