Филипче: Нема покачување за здравствената администрација зошто не може да се одвои од останатата

Администрацијата во здравството не може да се оддели од останатата администрација и затоа не се опфатени со најавеното покачување на платите во здравството од февруари идната година, вели денеска министерот Филипче, пренесе Сител.

-Тое беше и единствената причина зошто тие на почетокот на годината не добија покачување заедно со останатите здравствени работници, но тие добија 5 проценти во септември заедно со останатата администрација, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Реагираа од синдикатот на техничко – административниот персонал во овој сектор и велат дека ако не им се решат барањата ќе има протест на 28.

-Административно – техничкиот персонал е изманипулиран , заборавен и оставен да вфункционира и преживува со м инимални месечни примања  од кои не може да ги покрие основните потреби за пристоен живот, се вели во дописот од овој синдикат.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега