Филипче: Нема опасност од недостиг на болнички простор

Болничкиот капацитет за лекување на пациенти со Ковид-19 е полупразен, потврди за Алсат министерот за здравство Венко Филипче. Според него, во целава земја во моментов има слободни капацитети од 20% до 50%. Според него, нема опасност од недостиг на болнички простор.

Само на Клиниката за инфективни болести за два дена беа прифатени 27 нови пациенти. 24 легла во старите болнички простории се слободни.

Во меѓувреме, во модуларната болница, иако е опремена со целата внатрешна медицинска опрема, сè уште нема потреба да се хоспитализира ниту еден пациент со Ковид-19.

76 пациенти се хоспитализирани во болницата „8 Септември“ во Скопје, од кои 6 се на респиратор. Во детската болница Козле во моментот се лекуваат 25 позитивни пациенти со коронавирус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега