Филипче: Нема место за паника- патникот од Дубаи нема корона вирус

Патникот кој што бил шест дена во Дубаи, и дошол во Скопје, утринава со симптоми на грип се јавил во инфективната клиникан нема симптоми на коронавирус.

Тестирањата покажаа дека резултатите се негативни, изјави денеска на прес конференција Венко Филипче.

Вчера имаше лице од Италија кое дошло во Скопје и кое беше тестирано од коронавирус, и резултатите и за него беа негативни.

Владата донесе заклучок да го ограничи влегувањето во земјата од кризните подрачја од Северна Италија само  преку аеродромите во Скопје и Охрид и граничните премини Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир.
 
Владата му наложи на Министерството за здравство итно да набави соодветна количина на заштитни средства (маски, ракавици, дезинфекциски средства и заштитна облека) за институциите од системот за Интегрирано гранично управување и за другите институции со цел заштита на персоналот.
 
Министерот апелираше и да се откажат сите патувања и екскурзии во Италија и да не се превзема ризик без потреба.
Во меѓувреме во Хрватка беше потврден првиот случај на корона вирусот.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега