Филипче: Нема логика да се крене рака на здравствен работник кој деноноќно се бори за нечиј живот

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска протестираше заедно со медицинските работници поради последните напади на лекарите низ болниците во Македонија.

„Со насилство не се решаваат работите. Сметам дека нема никаква логика да се крене рака кон здравствени работници кои деноноќно се борат за животите на најблиските. Сите тие пристапи се казниви и се предвидени паричним но и затворски казни. Преземавме конкретни мерки, ќе има мобилна патрола каде се случуваат најголем број пациенти. Нема да дозволиме да се случуваат вакви инциденти. Ова ја надминува секоја логика. Ќе преземеме мерки кои ќе го унапредат статусот на здравствените работници. Моето присуство овде е поддршка, затоа што ова е нешто што се случува со години наназад. Казните за сите напаѓачи се предвидени во законот за здравствена заштита. Што се однесува до безбедноста, очигледно дека обезбедувањето не е ефикасно. И такви неефикасни вработувања нема никаде да водат. Ги разгледавме сите околности и заклучивме патрола на полиција е најефикасен начин за докторите“, истакна Филипче, пренесе „Фокус“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега