Филипче: Негативни се резултатите на двата случаеви од корона вирусот, но утринава пријавен нов сомнителен случај

Резултатите кои што се чекаа во текот на вчерашниот ден и двата резултати се негативни, рече денеска министерот Венко Филипче на брифинг со новинарите.

Тој нагласи дека пациентката која е примена на инфективната клиника во Скопје со корона вирусот е во добра здраствена состојба и веќе два дена нема темпертура.

Има една пациентка која утрово се јавила на Клиника и во текот на денот ќе се објават резултатите, но немала никакви симптоми во претходните три дена, но утринава добила респираторни проблеми па се јавила во болница.

Жената била во критичниот дел на Италија, но се вратила во Македонија со индивидуално возило со уште еден член на семејството.

Тој нагласи дека инспекцијата е веќе на терен и ќе ги утврдува залихите и состојбата на заштитни средства во аптеките.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.02.2020 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега