Филипче: Не излегувајте надвор кога е загадено, јадете овошје и зеленчук

Не излегувајте надвор од дома кога е загадено, јадете овошје и зеленчук. Освен препораки министерството не може друго да направи – вели министерот за здравство Венко Филипче и  посочи дека здравствените власти ќе набават и 50 000 маски за граѓаните со хронични заболувања.

„Свесни сме дека тоа е проблем долги години наназад, меѓутоа решавањето сепак не е за почнато. Во овој момент кога директно се соочуваме со овој проблем ние во функција на министерство за здравство и ИЈЗ навистина не можеме да направиме ништо повеќе освен да излеземе со препораки до граѓаните, сметам дека преземаме максимално што можеме“ вели Венко Филипче – Министер за здравство.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2018 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега