Филипче најави нов Клинички до 2020 година - до крајот на јануари ќе се знае локацијата

Точната локација за новиот Клинички центар сѐ уште е недефинирана.

Од Владата за ТВ21 велат дека меѓусекторска работна група со помош на бодирање до крајот на месецот ќе избере една од трите локации. Освен Ѓорче Петров, во игра е и Општина Петровец.

„Во моментов се изработува Методологија за начинот на евалуација и споредбена анализа на трите предложени локации за изградба на новиот Клинички центар. Таа методологија, ќе биде основ за бодирање на истите од страна на меѓусекторска работна група. Врз основа на методологијата, локацијата којашто ќе добие најмногу бодови ќе биде основ за донесување на одлука од страна на Владата на РМ. Предлогот се очекува да биде доставен до Владата во следните неколку недели“, велат од Владата на Р.М.

Локацијата ќе се протега на површина од 90 хектари. Конечната одлука до крајот на месецот треба да ја донесе Владата, но според досегашните анализи и проценки на здравствените власти, местото под обиколницата на излезот од Скопје кон Тетово било највисоко рангирано.

– Правиме пределаборати и како ќе изгледа објектот, разговаравме со директори на клиниките што се им треба. Од 400 до 500 милиони евра ќе чини изградбата и сме по потрага по партнери за кредитирање на новиот клинички. Имаме позитивни сигнали од банката при советот на Европа која ни е долгогодишен партнер и сум уверен дека ќе најдеме, вели Филипче.

Самиот министер е убеден дека до 2020 година граѓаните ќе го добијат долго најавуваниот нов Клинички.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега