Лидерот на СДСМ Венко Филипче ќе ја спасува Македонија од како што вели „предавниците од ВМРО-ДПМНЕ“ и српско сценарио во земјава, за што како што рече ги повикува сите политички партии, граѓански здруженија и интелектуалци да се обединат.
Опозицискиот лидер и денеска практично ја повтори вчерашната прес конференција во која повторно рече дека не е задоволен од одговорот на премиерот на прашањето дали во Македонија ќе дојдат мигрантите кои ќе ги одбие Велика Британија. Филипче рече дека мигрантите ќе дошле во јуни, а ВМРО-ДПМНЕ сакале претходно да организираат предвремени избори.
Премиерот Мицкоски вчера рече дека доколку опозицискиот лидер Филипче најде и еден мигрант кој што дошол во Македонија, тој трајно ќе ја напушти политиката.
Филипче декесна го осуди и нападот врз редакцијата на Инфомакс, карактеризирајќи го како притисок врз новинарите од страна на власта и истиот го спореди со нападите врз новинарите во Србија.
МВР утрово објави дека уште вчера привела едно 43 годишно лице за нападот врз редакцијата на Информакс. Објасни дека станува збор за лице со здравествени проблеми поради кои и се лекувало во болницата во „Бардовци“
Осуда на нападот упати и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
По прес кофнеренцијата Филипче одби да одговара на новинарски прашања, на што следеа бурни реакции од новинарите но тоа не го врати на партиската говорница.
Актуелно
- 30 дена притвор за поранешниот правобранител Фехми Стафа, осомничен за поткуп од 50.000 евра
- Филипче: Спремни сме да се бориме на избори
- Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа примил 50.000 евра за да влијае врз судија во Апелациониот суд
- Мицкоски: На 15 декември не се затвора трезорот, ќе има исплата на К-15 за вработените во државните институции
- Намалени сообраќајките во Скопје: Тошковски го пофали проектот „Безбеден град“ и граѓаните
- Акција на полицијата и инспекциите: Затекнати три малолетнички по полноќ во угостителски објект во Гостивар
- Прегазено 4-годишно дете во Кичево
- Физичка пресметка во игротека во Аеродром: Татко реагирал на агресивно однесување кон малолетник

