Филипче: Набавуваме брзи тестови за здравствените установи преку кредитот од Светска банка

 
Министерот за здравство, Венко Филипче, во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма потенцираше дека, преку кредитот од Светската банка се обезбедуваат 45 милиони денари за брзи тестови.
 
-Тоа ќе бидат тестови кои ќе чинат помалку од 1000 денари и ќе бидат за сите болнички установи каде што ќе има потреба од брз тест. Таму каде што за пациентот веднаш треба да знаеме, врз основа на симптомите и проценка на клиничката слика, во кој дел од болницата треба да се лекува, дали му е потребен третман на Инфективна клиника или не. Воедно и дали и за друга патологија се лекува, можеби е асимптоматски носител, во чистиот или во делот којшто бара заштитна опрема на персоналот, потенцираше министерот Филипче.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега