Филипче: На што треба да внимавате и како да се заштитите доколку се грижите за лице заболено од Ковид-19?

Министерот за здравство, Венко Филипче кој на социјалните мрежи често споделува совети како да се заштитиме од вирусот Ковид-19 објави како да се заштитат оние луѓе кои дома се грижат за заразени лица.

-Пациентот да се негува во посебна и добро проветрена просторија. По можност да се одреди едно лице кое ќе биде одговорно за грижа за пациентот и тоа да биде во добра здравствена состојба. Членовите на семејството треба да останат во друга просторија или ако не е можно да одржат растојание од најмалку 1,5 – 2 метри од болното лице, се вели во упатството.

Исклучок, според прирачникот кој го објави Филипче, може да се смета само мајка што дои.

-Со оглед на бенефитот од доењето и незначителната улога на мајчиното млеко во пренесувањето на респираторни вируси, мајката може да продолжи со доењето. Мајката треба да носи медицинска маска кога е во близина на своето бебе и да практикува хигиена на рацете пред близок контакт со бебето. Исто така ќе треба да ги примени и другите хигиенски мерки опишани во ова упатство.  

Целото упатство може да го прочитате тука.

02.04.2020 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега