Филипче: На Клиниката за инфективни болести денеска се хоспитализирани вкупно 64 пациенти, 8 се во тешка состојба

Отворена е нова  веб страница koronavirus.gov.mk со цел полесен пристап за сите информации во врска со Ковид-19 вирусот, каде на едно место се собрани сите информации во врска со коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Овие содржини ќе се следат и на социјалните мрежи и на мобилната апликација којашто ќе може да се симне.

Во изминатите 24 часа направеви 344 регистрирани 32 случаи заразени со коронавуирус. Со тоа вкупната бројка изнесува 384 лица..

Досега во земјава од потечокот на спроведување се направени 4117 тестови.

На Клиниката за инфективни болести денеска се хоспитализирани вкупно 64, примени 6 нови, 8 се со потешка клиничка слика.

Неколку пациенти се во сосем добра состојба и доколку нивните тестови се негативни ќе бидат испишани. Истот веќе започна за 11 од вкупно 28 пациенти кои се на домашно лекување во Дебар.

Има случај во психијатриската болница во Демир Хисар, потврден е доктор, кој имал позитивна анамнеза епидемиолошка, тестот негов е позитивен, бил во контакт со колегите. На психијтраите од болницата им била дадена препорака за самоизолација.

Пациентите ќе се распределат во други болници,ако има потреба ќе бидат примени и во Скопје.

Денеска бевме на увид во монтажната болница до инфективната клиника во Скопје, следниот период ќе биде цлеосно ставена во функција, се поставуваат креветите, ќе се постави и сувата врска со клиниката. Капацитетот во клиниката е исполнет 50 отсто, но сметаме дека сега е добар момент да се прошири.

Во однос на донациите, најпрво одобриен ни е пристап до европскиот солидарен фонд што значи дека со сите европски земји ќе учествуваме во набавка за се што е потребно на здравствените институции, се изедначуваме со земјите членки на ЕУ.

Навистина е тешко да се стигне до потреебните материјали.

Холндија донираше еден цел кабинет за дијагноза на коронавирусот, машина, кабинети за изолација, цела опрема и тестови за 2000 пациенти. Тоа лабораторија којашто ќе го дуплира капацитетот на сегашната наша лабораторија.

Во однос на информациите за пациенти со тестови од болницата Систина, постои стручно мислење од комисијата за заразни болести коешто ги прате препораките од СЗО, пациент се третира за позитивен само позитивен пациент на тестот за присуство на вирусот, а не за присуство на антителата.

Во однос на тестирањето ние напраивме анализа, имаме најголем број на тестови од сите земји во регионот, само Словенија има повеќе од нас, што се смета за огромна бројка, хние сме меѓуи првите 30-40 во светот што е одличен резултат. Не само за бројка на тестови, туку и за целокупниот пристап на пациентите.

Ние имаме целосна контрола и увид во состојбата на пациентите. 

Пикот го очекуваме на крајот на месец април“, кажа министерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега